За време на вчерашниот нов „Марш на ангелите“, родители на загинатите во пожарот во т.н. дискотека во Кочани се соочија со поранешниот градоначалник на Општина Кочани, Ратко Димитровски, кој е еден од обвинетите за трагедијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судењето за трагедијата во Кочани почнува на 19. ноември, еве кој се е обвинет
Соочувањето се случи во кафеана каде беше Димитровски, во друштво со актуелен кандидат за градоначалник, а беше приметен од родителите и семејствата на загинатите, додека проаѓаа покрај објектот.
Освен Димитровски, обвинети се и поранешните градоначалници Николчо Илијев и Љупчо Папазов.
Родителите и семејствата го одржаа 27. “Марш на ангелите“, но овојпат не даваа изјави за медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Александар Нацев, за кого е одобрено обвинението за трагедијата во Кочани
Панчо и Андреј повторно се заедно горе, во пожарот во Кочани загинаа девет членови на ДНК
Фото: Архива/Игор Бансколиев/видео: Вести од истокот на Македонија/Фејсбук/Радио Кочани