Српскиот турбо-фолк пејач Аца Лукас (Александар Вуксановиќ) се огласи на социјалните мрежи, откако беше приведен на настап во Кавадарци, по што од Министерството за внатрешни работи (МВР) заработи прекршочна пријава оти настапувал без дозвола, а Основниот кривичен суд Кавадарци го казни парично.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој тврди дека власта во Македонија барала да биде задржен во полиција, а вработен во Судот му се извинил во име на македонскиот народ.
-Ја сакам Македонија, но нема да настапуваме таму, бидејќи не се чуствуваме безбедно, вели тој меѓудругото.
За тоа дека не бил пријавен во земјава, вели дека неколку денови пред настапот испратил копија од пасошот, како што правел секогаш.
-Имам сознание дека ова е направено лично и дека има врска и со луѓе од моето најблиско опкружување и со врвот на македонската власт, тврди тој и вели дека целата вечер по приведувањето ја поминал во полиција.
Вели и дека полицајците во станицата биле коректни со него и дека дури му се извиниле.
-Еден човек од судот ми рече: ‘Може ли да ви се извинам во име на македонскиот народ’. Нема потреба – народот е прекрасен. Проблемот е кој го води, вели тој меѓудругото.
Фото/видео: Лукас/Фејсбук













