Хрватско-српскиот филм “Свадба„ најверојатно ќе биде најгледаниот филм во регионов годинава.
Премиерата на комедијата во Хрватска е закажана за 22. јануари, а веќе се продадени сите над 40 илјади карти, што не случило за било кој друг филм, пренесуваат хрватските медиуми.
Во фокусот на филмот се две фамили, едната од Хрватска, другата од Србија, чии деца се заљубуваат.
Во филмот играат бројни познати хрватски и српски актери меѓу кои и Драган Бјелогрлич, Јелисавета Сека Саблич, Линда Бегоња, Дејан Аћимович, Весна Тривалич…
Фото: Промо













