Денеска околу 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул. „Војвода Васил Чакаларов“ има женско лице.
„Од страна на полициски службеници од ПС Карпош веднаш е постапено по пријавата и по пристигнување на местото на настанот, било утврдено дека лицето дава знаци на живот и од страна на полициските службеници жената е извадена од реката, по што со Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на помош,“ велат од СВР Скопје.
Фото/Unsplash