Унгарската нискобуџетна авиокомпанија Визер од следната година од Скопје ќе лета за Наполи, Италија и Будимпешта, Унгарија, а од Охрид за Катовице и Вроцлав, Полска и Милано, Италија.
Новите летови денеска ги најавија вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и извршниот директор на авиокомпанијата Јозеф Варади.
Линиите од скопскиот аеродром стартуваат од 6. април, а од охридскиот од 28. јуни.
Визер исто така најави дека ја зголемува флотата од 4 на 6 авиони од најновиот ербасов тип Нео, како и зголемување на бројот на вработени на компанијата во Македонија. Тој ќе се зголеми за 100 нови работници со што вкупно ќе бидат 300 работници.
Визер добива субвенции од македонската Владата, 9 евра по патник на доаѓање од скопскиот и 12 евра од охридскиот аеродром.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Стокхолм, Бари и Мадрид ќе се лета три пати неделно, за Прага и Ларнака два пати
Фото: ТАВ Македонија