Владата ќе продолжи со субвенционирање на авиолинии од и до Македонија.
Информацијата денеска ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека целта е и отворање на нови дестинации, како и земјава да прерасне во регионален авио-хаб.
Државата моментално на авиокомпании им дава субвенции од по 9 евра за патник што ќе пристигне на скопскиот и по 12 евра за патник на охридскиот аеродром.
Фото: Унсплеш














