Во мај бројот на работниците во индустријата намален за 2.6%

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.6% во мај 2026 во однос на мај 2025 година, соопшти државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.3%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.5%, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1.6%, Капитални производи за 2.6%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.6%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.6%.

Бројот на работниците во периодот јануари – мај 2026 во однос на периодот јануари – мај 2025 година се намалил за 3%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести