427 нови станови ќе се градат во Скопскиот регион

Државниот завод за статистика соопшти дека во ноември лани се одобриле 304 градежни дозволи, што претставува зголемување од 16,9 отсто во споредба со истиот период претходната година.

Планираната вредност на предвидените градби достигнува 5.400.888.000 денари, што е за 27,1 отсто повеќе во однос на ноември претходната година.

Најголем број градежни дозволи, односно 110, се издадени во Скопскиот регион. Следуваат Полошкиот со 55, Вардарскиот со 36 и Југозападниот со 29 дозволи.

Од вкупниот број издадени одобренија, 208, што сочинува 68,4 проценти, се предвидени за изградба на висококатници.

Предвидена е изградба на вкупно 761 станови. Најмногу од нив, 427, ќе бидат лоцирани во Скопскиот регион. Во Источниот регион ќе се градат 113 станови, во Југозападниот 82, во Пелагонискиот 79, во Полошкиот 38, во Вардарскиот 15, во Југоисточниот 4 и во Североисточниот регион 3 станови.

За нискоградба се издадени 34 одобренија, додека за објекти кои се предмет на реконструкција се одобрени 62.

Кај 162 објекти, што претставува 53,3 проценти од вкупниот број, инвеститори се физички лица, а кај останатите деловни субјекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на становите продолжува да расте, во третиот квартал недвижностите поскапеле за 25,1%

Во Скопје станови се продаваат и за 3.000 евра за квадрат

Цената на становите во Струмица пораснала за 20%, метар квадратен достигнува и до 1.300 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести