За разлика од првиот круг на денешниот втор круг од локалните избори не е потребена излезност од 33,33% за да се избере градоначалник. Победува тој што ќе освои најмногу гласови.
Ако и денеска не се избере градоначалник во некоја општина од различни причини, Владата според Изборниот закоконик таму ќе постави повереник. Според законот, ДИК во рок од 15 дена од завршувањето на изборите за тоа треба ја извести Владата.
Откако ќе го добие известувањето, Владата има рок, кој исто така е 15 дена, да именува повереник што ќе ги врши работите што се во надлежност на градоначалникот. Владата најдоцна во рок од 15 дена по денот на именувањето на повереникот го известува претседателот на Собранието за распишување нови избори избори за градоначалник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска втор круг од локалните избори: Еве каде ќе се гласа
Во недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово
Фото: Игор Бансколиев














