(Вознемирувачки видеа) Убиени над 500 лица: Масакар во Иран

Бројот на загинати во антивладините протести во Иран драстично порасна.

Досега загинаа над 500 лица, од кои најмалку 490 се демонстранти, претежно млади, меѓу кои и деца, а најмалку 48 се членови на иранските безбедносни сили.

Над 10.000 лица пак се уапсени.

Од четвртокот минатата недела во земјата е исклучен интернетот и мобилната комуникација, па се стравува дека бројот на загинати е поголем.

И покрај тоа протестите поради економската криза, високата инфлација и цените, продолжуваат.

Викендов американскиот претседател Доналд Трамп, кој неколку пати им се закани на иранските власти дека САД ќе преземе акција поради убиствата на демонстранти, информираше дека Иран ја контактирал САД за преговори.

Земјата разгледува повеќе сценарија за интервенција.

Протестите започнаа на 28. декември, а демонстрантите бараат смена на власта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Во Иран убиени најмалку 79 лица, меѓу кои и деца, протестите продолжуваат

Видео: социјални мрежи/Iran International – English/Фејсбук/Х/фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести