(Вознемирувачко фото) Куче врзано за автомобил, го влечат по асфалт во Крива Паланка

На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки фотографии од малтретирање на куче во Крива Паланка, кое е врзано за автомобил и го влечат по пат.

За, случајот информираше активистката Емилија Симоновска на нејзиниот Фејсбук-профил, наведувајќи дека лицето се вика Ѕвонко.

Веднаш потоа, полицијата реагирала и го нашла сторителот, против кој ќе има постапка. Агенцијата за храна и ветеринарство го одзела кучето, кое за среќа е згрижено и во стабилна состојба.

Фото: Фејсбук/Симоновска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести