(Вознемирувачко видео) Двегодишно дете во Бразил со пиштол ја уби мајка му

Двегодишно дете во Бразил со пиштол на татко му случајно ја уби неговата 27-годишна мајка, а вознемирувачка снимка од убиството е објавена на социјалните мрежи.

Убиената Дебора Родригес Монтеиро, како што пренесоа бразилските медиуми била пренесена во болница, но таму само била констатирана нејзината смрт.

Несреќата се случила пред неколку денови во бразилската држава Мато Гросо до Сул, а на снимката за која предупредуваме дека е вознемирувачка, детето, е со мајка му и татко му.

Фото: Фејсбук/видео: Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести