Аки Саити е вториот уапсен од Комунална хигиена

Скопското јавно претпријатие Комунална хигиена е во фокусот на јавноста откако вчера беше уапсен нејзиниот директор Сабахадин Рустеми, а познато е и името на вториот уапсен – Аки Саити, еден од раководителите во претпријатието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Сабахадин Рустеми, директорот на Комунална хигиена, кој е приведен

И двајцата се уште се на распит полициската станица Гази Баба, а се товарат кривичното дело загрозување на животната средина и природата со отпадни материи.

Засега нема повеќе официјални информации од надлежните институции, а двајцата беа приведени откако со денови не беше собран сметот низ Скопје.

Неофицијално, Основното јавно обвинителство Скопје, ја разгледува финансиска и оперативна документација на претпријатието и начинот на постапување со отпадот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се раководи со Комунална хигиена, која е во фокусот поради сметот во Скопје

Каков имот пријавил Сабахадин Рустеми, директорот на Комунална хигиена Скопје

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести