Тетово е новиот град во кој официјално стартува Wolt, како дел од поширокото ширење на платформата на македонскиот пазар.
Со тоа, корисниците добиваат полесен пристап до локални ресторани и производи, директно преку апликацијата Wolt, технолошката платформа, позната по брза и едноставна достава, продолжува да ја шири својата мрежа во Македонија.
По Скопје и Битола, услугата сега станува достапна и во Тетово, носејќи им на жителите на градот уште поедноставен начин за нарачка на храна и други производи од локални партнери.
По повод стартот во Тетово, новите корисници ќе можат да користат 30% попуст на првите две нарачки, како и 14 дена бесплатна достава.
Целта е уште од самиот почеток корисниците лесно да ја испробаат платформата и да ја почувствуваат практичноста што Wolt ја нуди во секојдневието, со пристап до локални ресторани и малопродажни партнери кои веќе се достапни во градот, заедно со низа попусти и промоции.
Дополнителни поволности носи и Wolt+, претплатничката услуга на платформата, која овозможува пониски трошоци за достава и други бенефити за корисниците.
Почетокот на работењето ќе биде одбележан и со јавен настан во Fratelli – Kitchen & Bar, во сабота, од 12 до 16 часот, каде посетителите ќе можат да уживаат во пијалаци и закуски, како и во дополнителни изненадувања. Во рамки на настанот ќе биде организирано и „тркало на среќата“, преку кое корисниците што ќе ја преземат или веќе ја имаат инсталирано апликацијата ќе можат да освојат Wolt подароци.
Со влезот во Тетово, Wolt отвора нови можности и за локалните бизниси, овозможувајќи им пристап до поширока база на корисници и дополнителен дигитален канал за раст.
Воедно, платформата создава и флексибилни можности за заработка за сите оние кои избираат да работат според сопствени услови, додека истовремено придонесува за поголема удобност во секојдневието на жителите.
„Возбудени сме што го носиме Wolt и во Тетово и што го продолжуваме нашиот раст во Македонија, Со добар избор на локални ресторани и трговци, го правиме секојдневието поедноставно за жителите, а воедно создаваме нови можности за локалните бизниси и за луѓето кои бараат флексибилни начини за заработка.
Ова проширување е дел од пошироките планови на Wolt за натамошен раст на пазарот, а компанијата најавува дека и во следниот период ќе продолжи да ја шири својата мрежа и во други средини.“ изјави Огњен Љумовиќ, одговорен за продажба и бизнис лидер за Македонија во Wolt.
ПР-објава














