Државната телевизија на Словенија, РТВС, во термините кога ќе се одржува годинешнава Евровизија ќе емитува серија филмови ‘Гласовите на Палестина‘, која вклучува палестински играни и документарни филмови.
Словенија, заедно со Шпанија, Ирска, Холандија и Исланд, годинава нема да учествуваат на Евровизија поради учеството на Израел.
Евровизија нема да пренесуваат и државните телевизии на Шпанија и Ирска.
Државните телевизии на Холандија и Исланд пак ќе ја пренесуваат музичката манифестација која годинава го слави 70. роденден.
Евровизија годинава ќе има само 35 учесници, најмалку од 2004 година, а ќе се одржи од 12 до 16. мај во Виена, Австрија.
Македонија неколку години не учествува.
Фото: Унсплеш












