Амбасадата на Македонија во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во соработка со тамошните власти и Кралството на Саудиска Арабија ја разгледува можноста за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ.
Тие со автобус би биле транспортирани во Саудиска Арабија.
„Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и истиот би траел од 13 до 15 часа.
Преку формално барање/Нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин,“ велат од Амбасадата.
Списокот треба да ги содржи следните податоци:
– точни податоци (име и презиме)
– број на патните исправи со датум на важност
– детали од кој граничен премин ќе влезат
– време и датум на пристигнување
– местото на пристигнување и заминување.
„Молиме сите македонски граѓани кои се заинтересирани за ова можност да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532, како и на емаил адресата: [email protected],“ апелираат од Амбасадата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР апелира, граѓаните да не патуваат во поширокиот регион на Блискиот Исток
Бесплатен роаминг за Телеком корисници во земјите од Блискиот Исток
Фото: Unsplash














