Повеќе од 400 македонски граѓани побарале евакуација: Од ОАЕ и Катар нема услови, од Израел се разгледуваат опции

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија информира дека согласно последните податоци добиени од дипломатско-конзуларните претставништва, повеќе од 400 македонски граѓани побарале информации во врска со можноста за евакуација, додека околу 30 лица изразиле подготвеност да ја напуштат земјата во првата можна прилика.

Од Министерството велат дека со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата на терен.

„Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните кои изразиле подготвеност за тоа. Министерството е во постојана координација со пријателски земји и меѓународни партнери со цел успешно и организирано спроведување на евентуалната постапка.

Во однос на македонските државјани кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Државата Катар, согласно информациите од надлежните институции, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација.

За граѓаните кои се наоѓаат во Израел, веќе активно се разгледуваат и координираат потенцијални алтернативи за нивно безбедно извлекување,“ велат од таму.

Министерството преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва останува целосно на располагање на граѓаните и повторно апелира сите државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните безбедносни органи, велат од таму.

За дополнителни информации и помош, достапни се следните контакти:

СОС дежурен телефон на Министерството: 075/273-732

Амбасада на Македонија во Доха: +974 50 173 111

Амбасада на Македонија во Абу Даби: +971 56 441 7532

Амбасада на Македонија во Тел Авив: +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Виз Ер“ ги суспендира летовите до Израел, ОАЕ, Саудиска Арабија и Јордан до 7. март

Патниците да се информираат кај туристичките агенции и авио-превозниците, заради прекинатите летови до Дубаи и Абу Даби

Блискиот Исток пред експлозија: Кризата се прошири во 11 земји, последиците ќе ги почиствуваме сите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести