За стопанисувањето на хотелот Русија во Скопје, од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Друштвото формирало нова подружница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонијатурист e нов сопственик на хотелот „Русија“, еве кои се плановите на новиот газда
-Во насока на реализација на своите планови за зголемување на обемот на работење, Македонијатурист склучи договор за стопанисување на хотелско-ресторанскиот капацитет познат како хотел Русија.
За оваа цел Друштвото формираше нова подружница под која во иднина откако ќе се завршат
административните процедури ќе работи хотелскиот капацитет.
Со оваа зделка ќе се зголеми угостителскиот капацитет на Македонијатурист, а ефектите од
работењето во иднина ќе се рефлектираат во идните финансиски извештаи, велат од таму.
Хотелот Русија е првата голема инвестиција на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко во Македонија, кој беше изграден во 2014 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ацо Дудулоски останува претседател на УО на Македонијатурист
Фатмир Етеми избран за претседател на НО на Македонијатурист
Кој е Ацо Дудулоски, новиот претседател на УО на Македонијатурист
Фото: Хотел Русија/Фејсбук













