За викенд сончево и потопло време, од вторник дожд и заладување

За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот, информираа од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер.

Од вторник пак следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести