Многу е веројатно дека дел од летните одмори ќе бидат засегнати, било преку откажување летови или преку значително поскапи авио-билети, предупреди денеска Европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен.
Доколку кризата продолжи, тој не ја исклучи можноста во иднина да се појави и недостиг во снабдувањето со авионско гориво, за што предупреди и Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ).
Јоргенсен оцени дека и под претпоставка војната да заврши утре, ценовниот притисок ќе продолжи одреден период, поради оштетената енергетска инфраструктура и долготрајниот процес на стабилизација на пазарот.
Европската унија на овој начин ги предупреди граѓаните на земјите-членки, да бидат подготвени за промена на плановите за летните одмори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Туристички агенции почнаа да наплаќаат доплати за гориво на патниците на веќе уплатени аранжмани
Авионите во Европа снемуваат гориво, можно откажување на летови
Фото: Unsplash














