Туристички агенции почнаа да наплаќаат доплати за гориво на патниците на веќе уплатени аранжмани

Војната на Блискиот Исток, која ја предизвикаа САД и Израел со напад на Иран, предизвика раст на цената на авио билетите, но предизвика и недостаток на гориво – керозин за авио компаниите.

Па, затоа бројни светски авио компании решија да го намалат бројот на летови, а некои се одлучија за поскапи билети.

Ваквиот тренд се рефлектираше и на туристичката понуда и на работата на туристичките агенции, кои почнаа да наплаќаат дополнителни трошоци за гориво на патниците кои веќе ги уплатиле аранжманите.

Тоа веќе почна да се применува и во соседна Србија. Како што пренесува српска Република, на тоа предупредило и тамошното здружение на потрошувачи „Ефектива“.

Засега овие трошоци изнесуваат 35 евра по патник, со можност за понатамошно зголемување.

„Според Законот за заштита на потрошувачите, дозволено е агенцијата да ја побара оваа доплата, но до 8% од вредноста на аранжманот. Тоа значи дека, ако аранжманот чини 1.000 евра, доплатата за гориво може да биде до 80 евра по патник, со што патникот мора да се согласи, односно не може да се откаже од патувањето.

Постојат и други правила кои агенциите мора да ги почитуваат, а во претходните години не ги почитувале, па поради тоа добивале тужби и ги губеле тие спорови“ велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на авионските билети ќе продолжат да растат

И авионските билети ќе поскапат поради кризата на Блискиот Исток

Авионите во Европа снемуваат гориво, можно откажување на летови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести