За викенд температурите во пораст, локално со дожд и снег

За време на викендот, темературите ќе бидат во пораст, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Времето ќе биде променливо облачно, а во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести