Жито Полог АД Тетово во првите три месеци од годинава остварил загуба од 14,918 илјади денари пред оданочување, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – март 2026 година изнесуваат 46,656 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат зголемување за 2%.
Во структурата на приходите најголемо учество 99% имаат приходите од продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2025 година бележат зголемувањеза 2%.
Остварените единечни вкупни расходи изнесуваат 60,959 илјади денари и во споредба со истиот период во 2025 година бележат зголемување за 17%, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














