Борче Марковски, газдата на Марковски компани има фирма и во Србија, и таму добивал тендери

Борче Марковски, сопственикот на Марковски компани ДООЕЛ увоз-извоз од Битола, заедно со вработен во фирмата, но и фирмата како правно лице, се дел од новата истрага за шема за перење пари во РЕК Битола преку лажни фактури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Газдата на Марковски компани од куќен оди во затворски притвор

Марковски заврши во затворски притвор, откако Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола ја обжали претходната одлука на Основниот суд Битола, тој да биде во куќен притвор.

Една од причините зошто ОЈО Битола бараше затворски притвор е поради тоа што Марковски поседува имот во друга држава. Но таму се споделија повеќе детали.

Марковски има и фирма во Србија и уште една во Македонија

Истражување на Радио Слободна Европа објавено лани откри дека Борче Марковски, кој е и почесен конзул на Белорусија во Македонија, бил сто процентен сопственик во две фирми во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Марковски компани, чиј газда Борче Марковски заврши во куќен притвор

Првата фирма исто така се вика Марковски компани. Била регистрирана на 2. март 2009 година. Била активна само 10 месеци, бидејќи на 24. декември била избришана. Тогашен управител бил извесен Бранислав Стоилковиќ, стои во истражувањето на РСЕ.

Хаза изградба лани била активна компанија, која е основана на ист ден со претходната, а истата била редовен добитник на тендери во Јавното претпријатие Србија шуми.

Според РСЕ, Марковски лани имал уште една фирма во Македонија, Фајкон СБ – Битола, каде содружник му бил српскиот државјанин, Саша Савковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се осомничени газдата на Марковски компани, вработен во компанијата и службени лица во РЕК Битола: Детали од Обвинителството

Битолскиот суд одреди куќен притвор за Борче Марковски и уште еден осомничен за случајот со РЕК Битола, Обвинителство ќе се жали

Уапсен Борче Марковски, сопственикот на компанијата „Марковски компани“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести