Зошто се „прегорува“ на работа

Тони Галеа е спортски доктор од Канада кој соработувал со голем број на спортисти помеѓу кои и Тајгер Вудс и Донован Бејли. Правејќи паралела за животот на професионалните спортисти и менаџерите на компаниите, тој истакна дека сѐ е во подготовките, кои се најважни за постигнување на успех.

„Добри подготовки не дозволуваат лош учинок, успехот на долг рок зависи од нив. Кај спортистите тоа се резултатите, а кај лидерите како ќе се подготват со тимот за да се соочат со тешкотиите. Јавноста ги гледа резултатите, но најголем дел лежи во подготовките,“ истакна Галеа на панел на Самит Македонија2025.

Тој ја истакна важноста на добриот сон, добрата исхрана и тренинзите како и дисциплината во сето тоа.

„Нема скратен пат, потребна е дисциплина. Спортистите функционираат како машини, имаат одредено колку ќе вежбаат, колку активно ќе одмораат, кога ќе легнат, кога ќе станат. Со помош на вештачка интелигенција се постигнува една персонализирана нега и се прават индивидуални третмани по мерка. АИ е добра и за поточни дијагнози,“ додаде Галеа.

Осврнувајќи се на синдромот на прегореност или burnout кај вработените и менаџерите, тој рече дека истиот сами си го предизвикуваат бидејќи не создале план за опоравување и се трошат непотребно.

„Ако нема план, нема долговечност, бидејќи отсуствува структура на опоравување. Што значи и за да не се доживее прегорување, потребни се подготовки,“ потенцираше Галеа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто работадавачите не можат да најдат вработени, а има невработени

Самит Македонија2025: На регионот му е потребна подобра поврзаност, иновации, брзо делување и спречување на иселување на талентите

Инвеститорите бараат конзистентна регулаторна политика, предвидливост и сигурни места за својот капитал

Фото: Unsplash/Самит Македонија2025

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести