еМагазин
Image default
Балкан

Евроинс Иншуренс Груп го назначи претставникот на ЕБОР Николаус Фрај за нов член на Одборот на директори

Евроинс Иншуренс Груп АД (EIG), дел од Еурохолд Бугарија АД и водечка осигурителна групација која работи во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ), го назначи Николаус Фрaј за нов член на Одборот на директори, информираат од таму.

Николаус Фрaј бил избран на Годишната генерална акционерска средба, одржана на 30. август 2024 година.

Тој ќе ја претставува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), малцински акционер во ЕИГ со околу 10% удел. ЕБОР е акционер во ЕИГ/EIG од 2021 година.

Иван Костов, главен директор за финансии и ризици на Групацијата, како и Ива Фалина, директор за ИТ и дигитализација на Евроинс осигурување АД (Евроинс Бугарија), бугарската подружница на ЕИГ/EIG, се другите две раководни лица кои беа избрани во Управниот одбор на АГМ.

Тројцата нови членови на Управниот одбор официјално ќе ги преземат своите позиции во УО на компанијата по регистрацијата во локалниот Трговски регистар.

Николаус Фрај е дипломиран инженер со диплома од Лозана, ЕПФЛ во Швајцарија и магистер по бизнис администрација (МБА) на ИНСЕАД во Франција. Има исцрпни познавања и опсежно искуство во осигурителниот и консултантскиот бизнис, заземајќи највисоки управни и раководни позиции во водечки осигурителни и консултантски групи низ Европа и Блискиот Исток, меѓу кои Алајанз Груп, Меккинси енд компани, Вилис интернешнел холдингс и други клучни брендови. Како силен визионер и стратег, Николаус Фрај ќе ја поткрепи ЕИГ/EIG во развојот на меѓународна мрежа, велат од таму.

„Ни претставува задоволство да му посакаме добредојде на еден толку искусен раководител во тимот на Одборот на ЕИГ/EIG. Убедени сме дека Николаус Фрај дополнително ќе го зајакне раководството на нашата осигурителна групација поради неговата солидна експертиза, стекната низ повеќегодишното искуство во управните одбори на водечките осигурителни компании во Европа и низ светот“, изјави Асен Христов, претседавач на Надзорниот одбор на Еурохолд.

Иван Костов има над 13 години раководно искуство во областа на финансиите, банкарството и советодавните услуги за корпоративни клиенти во насока на раст, вклучувајќи и оптимизација, пристап до финансии, структурирање на долг и спојувања и преземања.

Пред да се придружи на тимот на ЕИГ/EIG бил директор на одделот за одобрување корпоративни кредити во една од најголемите бугарски банки, консултант за ризици и финансии во една од најголемите бугарски ревизорски и сметководствени компании и раководител за техничка деловна анализа во голема мултинационална компанија за финансиско работење. Костов магистирал финансии и банкарство на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“.

Тој е сертифициран финансиски аналитичар (CFA charter holder), сертифициран управител со финансиски ризици (FRM professional) и регистриран проценител на бизниси, недвижен имот и нематеријални средства.

Ива Фалина има над 11 години искуство во секторот осигурување и реосигурување. Пред нејзината сегашна позиција, била менаџер за дигитална трансформација во Евроинс Бугарија, раководејќи со тимот што ги дигитализирал осигурителните услуги и процеси во компанијата.

Кариерата ја започнала како експерт за реосигурување. Ива Фалина магистрирала бизнис менаџмент, технологија и иновации на Универзитетот во Шефилд, а дипломирала применети науки по бизнис менаџмент и маркетинг на Универзитетот „Ројал Холовеј“ во Лондон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицотакис најави можно повторно воведување на рестрикции, бидејќи следуваат два критични месеци во Грција

Редакција

Понеделник е прогласен за ден на жалост во Косово, во знак на почит на жртвите од сообраќајната несреќа во Хрватска

Редакција

„Србите на Косово се побунија, бидејќи не сакаат повеќе да го трпат теророт на Албин Курти,“ изјави Вучиќ за убиството на полицаецот

Редакција