еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Излезе од печат поетската книга „Процвет” на поетесата Цветанка Невчева

Излезе од печат поетската книга насловена како „Процвет” на поетесата Цветанка Невчева во издание на Дата песнопој од Битола.

Делото е дел од Современата македонска книжевност – едиција: Книжевни меридијани и е носител на наградата насловена како – Душата на чаршијата на конкурсот распишан од издавачката куќа Дата песнопој од Битола.

„Песните во стихозбирката „Процвет“ поетесата ги врамила во четири циклуси исполнети со книжевни и стилски изградени композиции нешто што соодветствува на современите текови во поезијата.

Таа нема време да опишува, присутно е само емотивното ткаење на версот, за поцелосно ослободување на трепетот преку кој се дава нова силна и цврста димензија на зборот. На преслапот е желбата за љубов, најсилна и вечна во потрагата на поетесата.

Цветот не е само убавината, кој доаѓа од лабораторијата на поетесата, во него е естетската порака за димензијата на животот, чистотата на зборот, па и моќта за проследување на боите на животот. Ништо не ме прашувај, препушти се на мигот зашто надежта е сон на будните, за да го зграбиме здивот на животот во ѕвездената ноќ,“ се вели меѓудругото во рецензијата од Илија Мерковски, главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Дата песнопој“ од Битола.

Илустрација на корицата е направена од нашиот голем хуманист и сликар, Живко Поповски-Цветин. Низ страниците од книгата се проткаени уметнички дела, слики-масла на платно, насликани од вештите раце на познатиот хирург, д-р Јордан Невчев.

Основната цел на „Процвет“ е нераскинливиот спој на поетската и ликовната уметност преточени во стихозбирка која ќе остави трајни вредности и ќе ги освои срцата на читателите.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со светска премиера на „Врба“ на фестивалот во Рим, Манчевски освојува нова територија за македонската кинематографија

Редакција

Се отвора првиот и единствен ХоРеКа центар во Македонија – Alpha Venue Horeca Equipment

Редакција

Работилница за млади графичари од регионот по 12. пат се одржува во „Софија“, Богданци

Редакција