еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

Осум романи ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше осум романи што ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“.

Како што соопштуваат од жири-комисијата, на годинашниот конкурс пристигнале 43 романи, во првата селекција одбрани се 20 наслови, а сега на списокот остануваат уште осум романи.

Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје.

Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, која годинава ќе се одржи на 14. март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наградата „Оливера Николова” ќе ја ревитализира литературата за деца и млади

Редакција

Посмртните останки на Панко Брашнаров, кој го отвори првото заседание на АСНОМ останаа во Загреб

Редакција

30 години од воведувањето на денарот и самостојноста на Народната банка

Редакција