еМагазин
Image default
Бизнис

Балкан Економик Форум годинава ќе се одржи во Загреб

Настанот кој своите зачетоци ги има во Македонија, повторно на едно место ќе ги обедини економските, политички и академски лидери на Европа. По успешните изданија во Скопје и Тирана, водечката регионална конференција Балкан Економик Форум се враќа со ново издание кое оваа година ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска.

Балкан Економик Форум – БЕФ годинава ќе се одржи на 18. октомври во хотелот Еспланада во Загреб, под главно покровителство на Central European Initiative (CEI) кои БЕФ 2024 го именуваа како свој flagship настан во годината.

Претседателот на БЕФ, Сашо Ќосев во пресрет на новото издание изјави:

“Овогодинешниот форум ќе ги собере лидерите и иноваторите од Балканот и Европа за да разменат информации, искуства и препораки за справување со регионалните економски предизвици и промовирање на одржлив раст.

Фокусирајќи се на стимулирање на зелениот раст и транзиција, BEF 2024 ќе содржи четири панели: Циркуларна економија; Иновации и претприемништво; Отпорност кон климатски промени и Чиста енергија. На конференцијата учествуваат врвни експерти од своите области од 12 земји членки на Централноевропската иницијатива.”

Крајна цел на Здружението за регионален развој Балкан економик форум  е да стане регионална платформа каде експертите, професионалците и лидерите од Балканот и светот, угледни личности од јавниот и приватниот сектор, академици, студенти, медиуми и други споделуваат идеи и предлози за најголемите економски предизвици кои треба да се решат и надминат во регионот на Балканот, давајќи ја на тој начин својата поддршка на напорите на владите на земјите од Балканот да постигнат одржливо влијание врз промоцијата на економскиот раст, регионалната соработка, мирот и безбедноста.

Повеќе информации, како и целосната агенда на овогодинешниот настан може да се погледнат на следниов ЛИНК.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„МБФ глобал“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на гумени транспортни ленти вреден 3,4 милиони евра

Редакција

Кои се членовите на Одборот на директори на Витаминка

Редакција

Илон Маск со еден потег го вивна Биткоинот: Криптовалутата „скокна“ 24 отсто за 24 часа

Редакција