еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Клиника Жан Митрев споредена со Mayo Clinic, по третпат го доби Златниот печат од Joint Commission International

По третпат Златен печат од Joint Commission International за Клиника Жан Митрев, информираат од таму.

-Со оваа ре-сертификација потврдено е уште еднаш дека здравствената институција поседува највисоки стандарди од аспект на квалитетот на здравствените услуги и грижата за безбедноста на пациентите, посочуваат од Клиниката.

-Од анализата утврдивме дека Клиника Жан Митрев има капацитет и потенцијал да биде Mayo Клиника не само на Балканот, туку и за Европа.

Има голем капацитет во операционите сали и експертиза на докторскиот персонал, функционален систем за електронска евиденција на здравствените податоци, голема посветеност и професионалност на лекарите и вработените и најважно од сѐ оваа болница има одлично раководство, истакна д-р Мајкл Нјин, член на комисијата за акредитација од Joint Commission International.

Оваа потврда ја постави уште еднаш Клиника Жан Митрев на еднакво рамниште со останатите акредитирани институции во светски ранг, велат од Клиниката.

Работата на Клиниката Жан Митрев ја оценуваше тричлената комисија од Чикаго каде што е седиштето на Joint Commission International.

-Евалуацијата за акредитација вклучува 1.200 мерливи елементи и според извештајот завршната оценка е дека се исполнети сите услови. Во добивањето на реакредитацијата посебно внимание се посветува на подобрување на работата на болницата од претходната реакредитација, а овде е евидентно големо унапредување на сите процеси.

Целосната работа, функционирањето, квалитетот и безбедноста на пациентите и персоналот е на исклучително високо ниво и соодветно за добивање на Златен печат на Joint Commission International, истакна Брит Де Кордие, член на комисија за акредитација од Joint Commission International.

Заклучок на извештајот врз основа на кој се доби ре-акредитацијата е дека Клиника Жан Митрев ја претставува својата земја и меѓународната медицинска пракса на многу високо ниво.

-Да се биде дел од JCI акредитираните болници е престиж во светски рамки. Но, оваа акредитација за нас значи многу повеќе бидејќи ја добиваме во една парадоксална ситуација каде сме обвинети за нашиот успех и за нашиот квалитет.

Целиот тим на Клиника Жан Митрев понесе огромен товар за време на пандемијата, најтешките пациенти со Ковид компликации ги видовме тука, на нашата интензивна нега. Постигнавме огромни резултати со големо залагање и спасивме голем број пациенти. Нашата работа не застанува тука, ние продолжуваме понатаму максимално посветено да се грижиме за доброто на нашите пациенти истакна д-р Жан Митрев.

Клиниката за прв пат доби JCI акредитација во 2017 година, за по три години во 2020 година во екот на Ковид пандемијата да биде една од неколкуте болници во светски рамки која не ја одложи акредитацијата, туку и беше реакредитирана. Оваа акредитација е трета по ред која помина без забелешки.

JCI е формирана во Америка во 1994 година како независна непрофитна организација која акредитира и потврдува медицински установи ширум светот. Акредитацијата добиена од ЈCI се смета за Златен Стандард во глобалната здравствена нега во поглед на квалитет на услугите и безбедност на пациентите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

#ЧИТАЈДОМА – „ТРИ“ нуди бесплатни е-книги цел месец

Редакција

Светска премиера на документарниот филм „Тело“ на Петра Селишкар на Сараево филм фестивал

Редакција

НЛБ Банка со промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица

Редакција