еМагазин
Image default
Бизнис

Пратките од Тему се платени и има можност за злоупотреби, но ние имаме заштита преку кодот за верификација, вели Гешовски сопственик на ЕЛС

Колку е вносен бизнисот со транспорт на пратки од Амазон, Тему и други? Колку приватните пошти ја гледаат како конкуренција Македонски пошти? Колку приватни пошти функционираат во Македонија и колку милиони евра се вратат во овој бизнис, објаснува бизнисменот Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС во потскасот Бизнис муабети на Фактор.мк

„Светска банка има најточни податоци за случувањата во светот, и тие извадија индекси дека Македонија е една од најслабите држави и во регионот, нормално и во Европа, по сервисни услуги. Гледајќи ги сите сервисни услуги, ми се допадна ова, бидејќи има иднина. Гледам што се случува во развиениот свет, денеска тоа го правиме ние.

Луѓето не одат во продавница, туку продавниците ги носиме кај луѓето. Тоа е и еколошки, и се намалува времето, како и трошокот, а можат да направат и подобар избор. Недостигаат уште некои елементи за да бидедме на некакво ниво како што е развиениот свет. Но, ние успеавме да се наметнеме и да го заземеме водечкото место, односно го држиме повеќе од 50 отсто од пазарот во Македонија, и тоа не само една, туку повеќе години“, вели Гешовски во разговорот за Бизнис муабети на Фактор.

„Единствени сме на Балканот што доставуваме пратки од Кинезите, бидејќи тие се платени и има можност за голема злоупотреба. Ние, пред да ја добиете вашата пратка, ви стигнува еден код за верификација, кој треба да ни го дадете, за да потврдиме дека вашата пратка го добила сигурносниот код. Курирот не го знае тој код, него го генерира централата, односно системот. Односно, имаме методологија, техника, софтвер систем, кој се разликува од другите“, нагласува тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финансиски резултати на Окта: Висока профитабилност во услови на енергетска криза и рекордни меѓународни цени на горивата

Редакција

Мисијата на ММФ ни прогнозира раст од 3,8% на БДП и од 2,2% на потрошувачките цени

Редакција

Јавната администрација годинава ќе добие К-15

Редакција