На 02.06.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.,,Бутелска“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(31) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од Скопје. Во несреќата со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ Скопје, соопштија од МВР за Скопје Инфо.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По овој инцидент жителите на Бутел и на Расадник ќе излегуваат на протест, барајќи поголема сообраќајна безбедност.













