
Тихомир Ангелов Атанасов и Христо Георгиев Христов реизбрани за членови на НО на Централна кооперативна банка
Од Централна кооперативна банка преку Македонската берза информираа дека од страна на Народната Банка се издадени решенија со коишто се издава претходна согласност за Тихомир Ангелов Атанасов и Христо Георгиев Христов да бидат повторно именувани за членови на Надзорниот одбор на Банката. Тие добија нов мандат од по четири години.


















