
Договор од 863,4 илјади евра склучи ЈСП со „Допелмаер сеилбахнен гмбх волфурт“
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје склучи договор за набавка на резервни делови, материјали и нивно монтирање – вградување на еднојажна жичница – Милениумски крст, со Допелмаер сеилбахнен гмбх волфурт, подружница Скопје. Договорот е во вредност од 53.100.000 денари или 863.415 евра.


















