На 30.6.2026 година, нето надворешниот долг изнесува 4.763 милиони евра (или 25,9% од проектираниот бруто-домашен производ – БДП), при што бележи квартално зголемување од 30 милиони евра (0,6%), како резултат на поизразениот раст на бруто-долгот во однос на растот на бруто-побарувањата, соопштија од Народната банка.
Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 58,2%.
Во текот на вториот квартал од 2026 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 134 милиони евра и изнесува 8.986 милиони евра, што претставува 48,9% од проектираниот БДП за 2026 година.
Фото: Унсплеш














