28-годишен маж загина откако со возилото удрил во бетонски ѕид, во кратовско

На 04.07.2026 околу 00:10 часот во ОВР Кратово било пријавено дека на магистралниот пат А-2, кај село Страцин, кратовско, патничко возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. (28) од Крива Паланка, излетало од патот и удрило во бетонски заштитен sид.

При тоа, на местото на настанот починал Н.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, а увид извршила екипа од ОВР Кратово.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести