Македонската берза слави 30 години.
На 28. март 1996 година, берзанското ѕвонче чукна за прв пат, со што не започна само тргувањето на Македонска берза, туку беше отворено и ново поглавје во историјата на македонскиот пазар на капитал.
Роденденот, Македонската берза го прослави со настан, на кој меѓу друго преку документарен филм беа истакнати некои од најважните моменти од работењето на Берзата.
Од Берзата доделија и признанија за физички и правни лица, за особен придонес за развојот на Македонска берза, како и на пазарот на капитал во целина.















Призанија – статуетки добија Комерцијална банка АД Скопје за котирано акционерско друштво со најголем остварен промет од класично тргување, Алкалоид АД Скопје за најдолго котирано акционерско друштво, Комерцијална банка беше наградена и за прво место за остварен вкупен промет, Илирика инвестментс АД Скопје, за второ место за остварен промет, Еурохаус АД Скопје за трето место за остврен вкупен промет, Иван Штериев, главниот извршен директор на Берзата, за повеќегодишен придонес во работењето и развојот на Македонската берза, Евита Иванова за повеќегодишен придонес во работењето и развојот на Македонската берза, Борис Волкан, за повеќегодишен придонес во работењето и развојот на Македонската берза, Илчо Лазарески, за повеќегодишен придонес во работењето и развојот на Македонската берза, Ана Бунтеска, за повеќегодишен придонес во работењето и развојот на Македонската берза, Лидија Трајковиќ, брокер со особен придонес и континуитет, Катерина Илиќ Нонкуловска, брокер со особен придонес и континуитет, Леонид Дечев, брокер со особен придонес и континуитет, Маја Костиќ, брокер со особен придонес и континуитет, Стефан Степаноски, брокер со особен придонес и континуитет, Тони Павловски, брокер со особен придонес и континуитет, Васко Митев, брокер со особен придонес и континуитет, Жарко Атанасовски, брокер со особен придонес и континуитет, Зоран Трифуноски, брокер со особен придонес и континуитет, Јованче Тасковски, брокер со особен придонес и континуитет, Сашо Дракуловски, брокер со особен придонес и континуитет, Андреј Богдановски, брокер со особен придонес и континуитет, Михајло Брова Зиков, брокер со особен придонес и континуитет, Гордана Богеска, брокер со особен придонес и континуитет, Ѓоко Алексовски, брокер со особен придонес и континуитет, Ѓорѓи Палески, брокер со особен придонес и континуитет, Глигор Павловски, брокер со особен придонес и континуитет, Кирил Митровски, брокер со особен придонес и континуитет, Емилија Брљамова, брокер со особен придонес и континуитет и Ѕвонко Станковски, брокер со особен придонес и континуитет.
Плакети за соработка добија Загребска берза, Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и Министерството за финансии.
Беа доделени и плакети во спомен и чест на Евгени Зографски, првиот извршен директор на Македонската берза, и на Јосиф Ефтимоски, првиот претседател на Одборот на директори на Македонската берза.
Фото: Македонска берза














