На работно место во Скопје, 37-годишен маж се обидел да нападне негова колешка, по што таа го пријавила во полицијата, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 05.09.2025 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С. (37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од Р.М. (43) од Скопје, дека околу 10:00 часот во објект во кој и двајцата се вработени, додека извршувала работни задачи, И.С. и упатувал закани и се обидел физички да ја нападне.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветна пријава“, велат од МВР.
Фото: Unsplash