Маж на возраст од 39 години вчера бил пронајден починат во магацин во приватна фирма во селото Чојлија, Општина Петровец.
Станува збор за М.А. од скопското село Ржаничино, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш