Маж на возраст од 42 години загина по сообраќајна несреќа која се случила вчера на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“.
Станува збор за А.Ѓ., од Кочан, кој како што информираа од полицијата, од здобиените повреди починал на пат кон болницата во Кочани.
До сообраќајката дошло откако починатиот кој управувал мопед без регистарски ознаки, се судрил со товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С. (48) од Виница.
Фото: Унсплеш














