42-годишна жена загина во сообраќајка во струмичко Робово

Жена на возраст од 42 години загинала по сообраќајна несреќа што вчера се случила во струмичкото село Робово.

Станува збор за Р.Г.Р. од Робово, која како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица починала во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била префрлена по несреќата.

До несреќата дошло откако таа со патничко возило „опел астра“ се судрила со товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (32) од Скопје.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести