Утринава во тепачка пред казино во Кавадарци е убиен маж на 43-годишна возраст, роден 1982 година.
Засега нема информации за неговиот идентитет и дополнителни информации од Министерството за внатрешни работи, а информацијата за државната агенција МИА ја потврди Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош.
Како што информира Паракеов починатиот маж имал смртоносни повреди на глава, а Службата кога одговорила на повикот на местото на настанот, само констатирала дека мажот е починат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познат идентитетот на убиениот 43-годишен маж во Кавадарци, уапсени три лица
Фото: Унсплеш