45-годишен маж од Виница нападнал деветгодишно дете, му нанел повреди на главата и телото

45-годишен маж од Виница нападнал деветгодишно дете, му нанел повреди на главата и телото.

„Вчера во 19:51 часот во ОВР Виница, од Итна медицинска помош Виница е пријавено дека од страна на родителите кај нив бил донесен деветгодишен малолетник со повреди на главата и телото, а, според пријавеното, бил нападнат од страна на нивниот сосед С. Т. (45),“ велат од МВР.

Од страна на полициски службеници од НККР при ОВР Виница, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок. 

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести