45-годишната Лидија се бори со агресивен карцином, потребни се средства за терапија

Лидија Бибановска има 45 години, и е сопруга и мајка на две малолетни деца. Пред две години и бил дијагностициран карцином на дојка Трипле Негативе Бреаст Карцинома, примила 8 хемотерапии и 16 зрачења. Меѓутоа по само 3 месеци карциномот се проширил на црниот дроб и на белите дробови.

„По направени дополнителни испитувања и истражување се покажа дека во Македонија за жал нема соодветна терапија за овој тип на карцином. За среќа најдовме таргетирана терапија во Србија која се покажа дека влијае на намалување на карциномот. Лекот се вика Sacituzumab Govitecan ( Trodelvy). Досега со помош на најблиските примив 4 терапии кои се примаат на интервал од 20 дена. Еден итервал чини 5.500 евра. Тоа значи, на секои 20 дена се потребни нови 5.500 евра.

Успеавме да собереме средства за уште 2 дополнителни циклуси, но за да оздравам или да се стави под контрола болеста е потребно време, трпение, борба и секако материјални средства кои ние самите неможеме да ги обезбедиме.

Затоа ви се обраќам овде и ве замолувам да ми помогнете. Го сакам животот, но најмногу од се ги сакам моите деца. Помислата да останеме еден без друг ме боли повеќе од борбата со самиот карцином. За секоја подадена рака, искрено и огромно благодарам,“ вели Лидија.

За донации ОВДЕ.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести