50-годишен маж пронајден мртов во парк во Скопје

Маж на возраст од 50 години вчера е пронајден починат во паркот спроти зградата на поранешна „Нова Македонија”.

Станува збор за С.К. од Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство.

Неговото тело е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести