65-годишен возач удри во дете пешак и избега, полицијата го пронајде

Вчера полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје го лишија од слобода С.И. (65) поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.

Имено, вчера во 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на улиците”Џон Кенеди”, “Максут Садик” и “Македонска бригада” патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички удрило во дете пешак.

-Веднаш по пријавата полициски службеници пристигнаа на местото на настанот при што е констатирано дека лицето кое управувало со возилото го оставило возилото и се оддалечило од местото на настанот.

По преземени оперативно тактички мерки лицето е пронајдено во непосредна близина и истото лишено од слобода, велат од полицијата.

Повреденото дете поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клинички центар “Мајка Тереза” за укажување на помош каде му се констатирани тешки телесни повреди и истото е задржано на интензивна нега.

По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести