еМагазин
Image default
Локално

(Видео) Редок феномен: Двоглаво теле се роди во битолското село Лажец

Редок феномен се случи викендов во битолското село Лажец – се роди двоглаво теле, објави Гласот на Америка на македонски јазик.

Телето, како што може да се види и од видеата што беа доставени до редакцијата на Гласот на Америка, има споени черепи, два пара очи, две усти, две уши. Дише регуларно, цица млеко и полека се исправува на нозе.

Телето се родило во петокот вечерта, на 16 април, во одгледувалиштето на фармата „Натали 2005“, а на свет дошло живо со помош на ветеринарите од амбулантата „Филипов“ од селото Кравари.

Ветеринарите велат дека овие случаи се ретки, но сепак додаваат дека не се големи ниту шансите за преживување на младенчињата со вакви аномалии.

Видеото може да се види ОВДЕ.

Фото: Гласот на Америка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Насадил марихуана на нивата на татко му

Редакција

Го претепал во кафана во Берово

Редакција

Кратовчанец починал на работа

Редакција