еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) На 96-годишна возраст почина познатиот грчкиот композитор Теодоракис, авторот на „Гркот Зорбас“

На 96-годишна возраст денеска во Атина почина познатиот грчкиот композитор, диригент и политичар Микис Теодоракис, препознатлив по неговото дело, музиката за „Гркот Зорбас“,  јави дописничката на МИА од Атина.

Теодоракис и е познат на македонската јавност по концертот одржан во 1997 година во Скопје, но и по неговата поддршка на протестите против Договорот од Преспа и против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја.

Според грчките медиуми од 90-те години, за време на неговиот престој во Скопје, Теодоракис го посетил и гробот на Георгиос Алексис Зорбас, а на концертот одржан во МОБ, заедно со македонските уметници, го претставил своето музичко дело „Гркот Зорбас“.

На концертот присуствувале и претставници на државниот врв меѓу кои и тогашниот претседател Киро Глигоров.

Во 2018 година, кога во тек беа преговорите за името, како и една година подоцна по постигнувањето на Договорот од Преспа, а во Солун и Атина се одржуваа протести, Микис Теодоракис даде јавна и отворена поддршка на демонстрантите, неколку пати, преку грчките медиуми го изразуваше неговиот став против решението.

На еден од протестите во Атина, на 4 февруари 2018 година, беше еден од централните говорници и им се обрати на демонстрантите, упатувајќи порака дека „Македонија е една и грчка“.

Теодоракис е роден на 29 јули 1925 година на грчкиот остров Хиос, а во текот на неговиот живот, освен со музиката, се занимаваше и со политика и во периодот 1990-1992 година беше и министер и пратеник.

Членовите на грчкиот Парламент, утрово, на почетокот на денешната седница, со едноминутен молк го „испратија“ Микис Теодоракис.

МИА/Фото: Open TVвидео: Georgios Logothetis/You tube

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ивица Тодориќ обвинет за падот на „Агрокор“: Гигантот што се сруши како кула од карти

Редакција

Протест во Косово за запирање на убиството на жена и нејзината деветгодишна ќерка

Редакција

Грција на 1 јули ќе ја отвори границата кон Македонија само на преминот Евзони

Редакција