еМагазин
Image default
Бизнис

СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст

Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд.

Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики.

„Енергија, зелена транзиција и инфраструктура“ е еден од столбовите врз основа на кој ќе се темели дискусијата на претстојниот Скопје економски финансиски форум – СЕФФ, кој се одржува во организација на Министерството за финансии на 30 и 31 мај и на кој државници, признати експерти од областа и бизнис заедницата ќе дебатираат на тема „Одржување економски раст во време на неизвесност и потоа“.

Тековната криза покажа колку светот може да биде ранлив на движењата на пазарните цени на енергијата и храната. Оттаму вложувањето во одржлива енергија и одржливо земјоделство се искачија на врвот на агендата на приоритети на креаторите на политиките.

Концептот „зелена економија“ подразбира економија која е отпорна и е во состојба да создаде подобар квалитет на живот за сите во еколошките граници. Овој сеопфатен концепт го поттикнува и намалувањето на сиромаштијата, развивањето на руралните подрачја, здражување на безбедноста на храната, пристап до чиста вода и енергија. Секоја земја треба да има долгорочен план за развој на зелената економија со јасно определени приоритетни подрачја.

Во насока на финансирање на зелената агенда, Министерството за финансии во Планот за заздравување и забрзување на економскот раст, предвиде начини за финансирање на зелената агенда, а тоа да не резултира со проширување на дефицитот.

Преку Планот ќе се мобилизираат средства од приватниот сектор во насока на реализација на проекти кои ќе го забрзаат економскиот раст и ќе продуцираат додадена вредност, а воедно ќе бидат во насока на еколошките стандарди.

Планот за заздравување и забрзување на економскиот раст воведува нови финансиски инструменти кои се насочени кон исполнување на „Зелената агенда“ и зелената транзиција, како зелените обврзници кои имаат за цел мобилизирање на средства кон проекти за унапредување на животната средина, односно подобрување на енергетската ефикасност, намалување на загадувањето, одржливо земјоделство, заштита на водниот и копнениот екосистем, обезбедување чист транспорт и одржливо управување со водите, негување технологии што се еколошки, итн.

Со Планот се предвидува и формирање Фонд за енергетска ефикасност, во рамки на Банката за развој на Северна Македонија, а средствата меѓу другото ќе бидат наменети за идни енергетски ефикасни инвестиции, како и финансирање на инвестициите во енергетска ефикасност и обновлива енергија во јавните згради. Исто така, предвидено е финансирање и преку Фонд за поддршка на мали и средни претпријатија за нивен раст и развој, како и стратешки зелен инвестициски фонд со цел инвестирање во проекти на големи претпријатија.

Подигањето на општата свест за климатските проекти и зелената економија, е особено значајно бидејќи инвестирањето во зелени проекти, пред се, одржлива енергија и одржливо земјоделство ќе ја направи нашата економија значително поотпорна на глобални шокови од типот на овие кои се соочуваме во моментот.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oсигурениците најмногу се жалат на штети во сообраќај покриени со европски извештај

Редакција

Европа лани ја зголемила добивката

Редакција

Заврши Самитот Македонија 2025 – градење на партнерства и соработка во насока на градење на просперитетни економии

Редакција