еМагазин
Image default
Бизнис

Македонската ИТ компанија BtoBet започна со освојување на Северна Америка

Македонската ИТ компанија BtoBet склучи партнерство со реномираниот бренд PlayAlberta, единствена легална веб-страница за обложување во канадската провинција Алберта, информираат од таму.

Со овој чекор, компанијата официјално го означи својот влез на перспективниот северноамерикански пазар.

„Навистина сме горди што токму со ова партнерство го обележуваме влезот на пазарот во Северна Америка. Годината ја започнавме со стекнување регулаторна дозвола од Комисијата за алкохол и игри на Онтарио (AGCO) за обезбедување на нашите услуги и водечка технологија во Онтарио, а веќе сега сме во можност да ја унапредиме и прошириме платформата и услугите за спортско обложување на бренд како што е PlayAlberta“, вели Александар Динев, главен продуктен директор во BtoBet, додавајќи дека извонредниот успех и континуираната експанзија на македонската компанија во исклучително конкурентната светска iGaming индустрија е резултат на талентот, иновативноста и посветеноста на човечките ресурси со кои BtoBet располага.

„Вредно работевме да се стекнеме со лидерска позиција на регулираните пазари како Европа, Африка и Латинска Америка, а со ова најново партнерство ни е претставена возбудлива можност да се етаблираме како доверлив технолошки партнер и во Северна Америка, пазар кој е на сигурен пат да стане најголемиот глобално“, вели Динев.

Инаку, BtoBet, дел од групацијата NeoGames која е во процес на аквизиција од страна на светски познатата Aristocrat Leisure Limited, продолжува да бележи експоненцијален раст преку постојано унапредување на својата понуда, зајакнувајќи ја конкурентската предност во светски рамки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како се движела цената на акцијата на Алкалоид во третиот квартал

Редакција

СОНК денеска на нови преговори со Владата за платите

Редакција

Маловчев, менаџер на „Куба Либре“: Доброволно ќе направевме се што треба, не добивме известување за уривање

Редакција